Што треба да прашате на интервју за работа?

Сигурно многу се подготвувате пред интервју за работа. Но, покрај вашите одговори на прашањата што ќе ви ги постави тимот на потенцијалниот работодавач, треба да бидете подготвени и вие да поставите прашања за местото каде аплицирате.

Ако само одговарате на прашања, тоа денес се смета за пасивен пристап. На крајот на краиштата, вие сте потенцијален член на тој тим и треба да знаете дали е тоа компанијата и позицијата што најмногу ви одговара во моментов, особено ако имате неколку опции на располагање.

За да ги ипресионирате идните шефови, најважно е да спроведете мала истрага пред интервјуто и да слушате за време на интервјуто.

Прашувајте за актуелни настани

Прочитајте ги најновите соопштенија за јавноста, објави во медиуми и објави на социјалните мрежи од и за компанијата во која аплицирате за работа. На интервјуто поставете релевантни прашања за актуелни настани, како на пример најновата кампања на компанијата за селектирање отпад или плановите за соработка со друга компанија.

Прашајте како е да се работи таму

Вие аплицирате да бидете дел од овој тим и треба да знаете што да очекувате од потенцијалниот работодавец и работната атмосфера. Денес компаниите се трудат да ги одушеват своите кандидати и да ги привлечат најдобрите, а не најевтините професионалци. Направете си листа на работи за кои не би преговарале во однос на степенот на обврски, работното време, политиките на компанијата, родовата и старосната еднаквост и слично и имајте ја предвид кога ги поставувате прашањата.

Прашајте кои се условите и шансите за развој и напредување

Да, сега барате работа, но тоа не значи дека сте очајни. Секогаш треба да размислувате шаховски – неколку потези нанапред. Затоа, проверете кои ќе бидат условите и шансите да напредувате и да се развивате како професионалец во компанијата каде аплицирате. Со тоа ставате до знење дека сте амбициозни, дека сакате да работите на себе и да давате придонес за компанијата.

Поставувајте спонтани прашања

Да, досегашните совети звучеа како да треба да се појавите со список во глава и да го поминете интервјуто рутински, но не заборавајте дека пред сѐ вие сте индивидуа и дека треба да покажете и спонтаност и флексибилност. Темпирајте се правилно во разговорот, сослушувајте, не прекинувајте и балансирајте ги прашањата со тоа како тече дискусијата. Многу е важно да слушате и да реагирате соодветно, не само да настапите пресамоуверено и да се трудите цело време да импресионирате.

Среќно!

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе