Филм & ТВ

Што сѐ направи Џенифер Лопез во 2019?

10. декември 2019 - 16:02 | А.С.

Актерката и пејачка Џенифер Лопез имаше одлична година, а за своите успеси во 2019 година зборуваше во емисијата Saturday Night Live.

Џеј Ло, која во август наполни 50 години, кажа колку е благодарна за сите убави работи со кои била благословена годинава.

Меѓу другото зборуваше за нејзиниот љубовен живот, за тоа како ја запроси Алекс Родригез, за успесите во светот на музиката, за одличните критики и успехот на филмот „Hustlers“ во кој игра, како и за фактот дека дефилирашена  пистата на ревија на Versace во фустан што го носеше пред 20 години.

„Прошетав по модната писта во Милано за првпат и носев фустан што го носев пред 20 години. Има луѓе кои велат дека сега изгледам подобро отколку тогаш, ама не сакам да се фалам, знаете, луѓето си озборуваат“, рече Лопез, покажувајќи дека покрај многуте таленти, има и смисла за хумор.

Џеј Ло се појави облечена во смокинг, но до крајот на настапот на SNL им покажа на сите колку навистина добро изгледа на 50 години, токму во тој фамозен фустан на Versace.

Како изгледаше нејзиниот настап, погледнете во следното видео: