Што планира НАСА за 2020 година?
Американската вселенска агенција НАСА објави кратко видео во кое прикажува какви се плановите на агенцијата за блиската иднина. Со оглед на тоа што НАСА планира мисии на Месечината и на Марс, во соработка со американски компании и меѓународни партнери, во видеото се вели дека ќе ги помести границите на досегашното човечко истражување.
НАСА работи на тоа да има постојано човечко присуство на Месечината во следната деценија со цел да дојде до нови научни откритија и да ги постави темелите за приватните компании за вселенски туризам.
Нова технологија, нови ровери, НАСА ја најавува 2020 година прилично амбициозно, како година на дејствување.