Живот

Што добиваат мајките од Финска во кутијата за новороденчиња?

26. февруари 2020 - 17:40 | Б.С.Б.

Цели 82 години Финска им дава кутија со работи неопходни за новороденчињата во првите неколку месеци од животот. Таа помош им е добредојдена на младите родители кои со кутијата добиваат корисни предмети за нивното бебе во првата година од животот.

Финската влада има одлични мерки за породилното отсуство на мајките и татковците, а меѓу другото и помош преку познатата финска кутија за новороденче.

Од облека, скафандер кој може да се направи како вреќичка за спиење до капчиња, ќебенце, чорапчиња, бањарка и друга бебешка облека. Во кутијата има и предмети за хигиена за бебето, но и за мајката како крема за брадавици, лубрикант, термометар за вода, чешел, пудра, четка за заби, кондоми и слично.

Кутијата може да послужи и како креветче за спиење на бебето.

Погледнете што сè има во финската кутија за новороденче: