Што ако „Game of Thrones“ беше индиска сапуница?

Сигурно живеете во пештера ако досега не сте слушнале за серијата „Game of Thrones“. Милиони фанови ширум светот шпекулираат како ќе заврши епската сага, но серијата исто така е предмет и на многу досетливи шеги и пародии.

Комичарката Лили Синг, Канаѓанка со индиско потекло, е позната по нејзините комични видеа на YouTube, а пред премиерата на осмата и последна сезона на „Game of Thrones“, реши да ѝ даде малку „индиски вкус“ на популарната серија и да ја замисли како индиска сапунска серија.