Шри Ланка: Откриени 87 детонатори за бомби, воведена вонредна состојба

Коломбо, 22 април 2019 (МИА) – Властите на Шри Ланка воведоа вонредна состојба, која ќе стапи во сила денеска на полноќ. Одлуката е донесена по серијата напади во кои загинаа најмалку 290 луѓе, соопшти администрацијата на Маитрипала Сирисена.

Воведени се посебни мерки „за да им се овозможи на полицијата и на трите активни сили во земјата да ја осигураат јавната безбедност”, се вели во соопштението, кое се однесува на пешадијата, морнарицата и воздухопловните сили.

Повеќе од 1.000 војници се распоредени за да се грижат за безбедноста во Коломбо, трговска престолнина и најголемиот град на  Шри Ланка.

Вонредната состојба е воведена и поради откриените 87 детонатори за бомби на територијата на главната автобуска станица во Коломбо.

Најмалку 290 луѓе загинаа, а 500 се повредени во вчерашната серија напади врз цркви и хотели на Шри Ланка, соопштија утрово властите.

Тие исто така наведоа дека се приведени 24 лица осомничени за поврзаност со нападите.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите во земјата, која со децении до 2009 година, војуваше со талибанските сепаратисти. Бомбашките напади во главниот град за време на тој период беа чести. Локалните христијански групи истакнуваат дека во последниве години тие се соочуваат со повеќе заплашување од некои екстремни будистички монаси.

Од вкупно 22 милиони жители на Шри Ланка, околу 70 отсто се од будистичка, 12,6 од хиндуистичка, 9,7 од муслиманска и 7,6 отсто од христијанска вероисповест. Во последниот извештај на Стејт департментот за човековите права на Шри Ланка се наведува дека некои христијански групи и цркви информирале за притисок да ги завршат молитвените средби поткако властите ги оквалификувале како „неодобрени собири“.

Во извештајот се посочува дека будистичките монаси редовно се обидуваат да ги затворат светите места за христијаните и муслиманите. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе