Шпаркасе Банка Македонија денес аконтативно го исплати данокот на добивка за 2020 година

Шпаркасе Банка Македонија се приклучи кон иницијативата од Министерството за финансии и Владата на Република Северна Македонија и денес изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка во вкупен износ од 21.475.600 денари.

Со приклучувањето кон оваа иницијатива, која обезбедува поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, Шпаркасе Банка Македонија го дава својот придонес за полесно премостување на првите ефекти од кризата предизвикана од коронавирусот Covid-19, како и за зголемување на капацитетите на надлежните државни органи за нивно непречено функционирање и спроведување на потребните мерки за заштита на населението во државата. Шпаркасе Банка Македонија ќе продолжи и понатаму да се однесува како одговорен корпоративен граѓанин на Република Северна Македонија и работејќи сите заедно да дадеме придонес кон минимизирање на негативните ефекти од коронавирусот.

Во овие услови нашиот главен фокус е да овозможиме континуирана и квалитетна услуга на нашите клиенти преку 24-часовна достапност на нашите услуги за бесплатно вршење електронски плаќања, достапност на нашите експозитури со редовно работно време и широката мрежа од околу 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата низ државата. Стручниот тим на Шпаркасе Банка Македонија интензивно работи на развојот на концептите за олеснување на отплатата по основ на кредитните изложености на населението и компаниите и тие наскоро ќе бидат достапни преку веб-страницата www.sparkasse.mk.

*Промотивен текст

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе