Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Шпанскиот суд нареди замрзнување на банкарската сметка на компанија со која раководи Џерард Пике, додека трае истрагата за бизнис зделката за преместување на Суперкупот во Саудиска Арабија.

Судот ги потврди извештаите на локалните медиуми дека истражната судијка Делија Родриго постапила по барањето на државниот обвинител за замрзнување на банкарска сметка на компанијата „Космос“, чии основач и управител е Пике.

Шпанската полиција го уапси поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес претходно овој месец како дел од истрагата за корупција и активности за перење пари за време на неговиот мандат.

Уште седум лица беа уапсени во март кога полицијата изврши претрес во канцелариите на Сојузот во Мадрид и домот на Рубиалес во Гранада.

Рубиалес го „пресели“ домаќинството на Суперкупот од Шпанија во Саудиска Арабија во 2020 година, со договор наводно вреден 40 милиони евра по турнир. Пике, кој во тоа време играше за Барселона и играше во Суперкупот на Шпанија, помогна да се заврши договорот преку неговата компанија „Космос“.

Државните обвинители започнаа истрага за договорот во 2022 година, откако беа обелоденети аудио снимки од разговори помеѓу Рубиалес и Пике во врска со провизија од неколку милиони долари.

Во меѓувреме Пике се повлече од фудбалот, а доживеа бродолом и во приватниот живот, бидејќи се раздели од колумбиската поп-ѕвезда, Шакира.

Космос се вклучи и во „реновирањето“ на тенискиот Дејвис куп, а лансираше и алтернативно фудбалско натпреварување – Кралската лига во Шпанија.

Рубиалес поднесе оставка во септември откако предизвика меѓународен скандал бакнувајќи ја во уста Шпанката Џени Хермосо, без нејзина дозвола, за време на церемонијата на доделување медали на Светскиот куп за жени во Сиднеј, каде Шпанија го освои првото место.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе