Фудбал

Шпанија брзо ја реши кризата - Јеро ќе ја води репрезентацијата на СП 2018

13. јуни 2018 - 18:23 | МИА

Сочи, 13 јуни 2018 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и шпански репрезентативец Фернандо Јеро ќе ја врши селекторската функција за време на Мундијалот во Русија.

Јеро доаѓа на клупата на Шпанија по денешното разрешување на Хулен Лопетеги кој тајно преговараше со Реал Мадрид каде ја доби тренерската функција.

Досега Јеро беше спортски директор во Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Поранешниот светски шампион на Мундијалот во Русија ќе игра во Б-групата заедно со селекциите на Португалија (15 јуни), Иран (20 јуни) и Мароко (25 јуни).