Многу ретко шише свино од реномираниот австралиски винар Penfolds е продадено за 51.750 австралиски долари, односно 35.158 евра.
Ова го објави австралиската аукциска куќа која нагласува дека е ова рекордна цена за ваков производ. Станува збор за Penfolds Grange од 1951 година, прва берба на тоа црно вино од истоимената колекција, од која има уште 20 шишиња.