Македонија

Шилегов: Скопјани пијат чиста и здрава вода

22. март 2019 - 13:00 | МИА

Скопје, 22 март 2019 (МИА) – Скопје, 22 март 2019 (МИА) – Жителите на Скопје пијат чиста и здрава вода и не треба да се грижат дали ќе ја има доволно, со кој квалитет и во кое време на денот. Вода има доволно.

Ова денеска го истакнаа скопскиот градоначалник Петре Шилегов, директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски и Зоран Божиновски директор на Центарот за санитарна контрола при ова јавно претпријатие на одбележувањето на 22 март – Светскиот ден на водата.

– ЈП „Водовод и канализација“ го гарантира квалитетот на водата за пиење на граѓаните на град Скопје и го имаме еден од најдобрите извори во Европа, а тоа е изворот Рашче 1 и  Рашче 2, изјави директорот Весковски по посетата на каптажите Рашче 1 и Рашче 2.

Градоначалникот Шилегов истакна дека водата која ја пијат скопјани е безбедна и невозможно е да биде загадена. Скопската вода, како што рече, е една од трите најдобри води во Европа.