СЕРИЈА А 2021/22

Шевченко ќе го тренира Пандев, дебитира против Мурињо

Поранешниот селектор на Украина е дефинитивниот избор од страна на новите сопственици на Џеноа и во текот на нареднава недела ќе биде официјализиран неговиот ангажман.

Компанијата 777 Partners од Мајами, која е новиот сопственик на Џеноа, ќе му врачи отказ на Давиде Балардини откако и на синоќешниот натпревар неговиот тим не успеа да победи, овој пат играјќи 2:2 на гости кај Емполи на отворањето на 12. коло од Серија А. Џеноа се спаси од пораз со гол на минута до крајот. Нашиот Горан Пандев преседа на клупата.

Remote video URL

Балардини сѐ уште нема добиено отказ, но La Gazzetta dello Sport тврди дека тоа е готова работа бидејќи Андриј Шевченко од понеделник ќе пристигне во Џенова за да го потпише договорот.

Токму в понеделник 777 Partners ќе го комплетира преземањето на клубот од Енрико Прециози. Според најтиражниот италијански весник, украинскиот стратег ќе потпише двегодишен договор со „Грифоните“.

Гледајчи ги досегашните резултати (1 победа, 6 нерешени и 5 порази), Џеноа и сезонава ја очекува грчевита борба за опстанок, а со новите сопственици и Шевченко на клупата се очекува тимот да исплива кон средината на табелата, но и засилен со нови фудбалери за време на зимскиот преоден рок.

Со оглед на тоа што синоќешниот натпревар беше последен за Џеноа пред репрезентативната пауза, Шевченко првиот натпревар ќе го има на 21 месецов кога Џеноа на својот „Луиџи Ферарис“ ќе ја пречека Рома на Жозе Мурињо.

Шевченко, кој од играчката кариера се пензионира во 2012 година, досега нема искуство од работа со клуб бидејќи од 2016 до ЕУРО 2020 беше селектор на Украина. Како играч остави огромен печат во Серија А откако 7 сезони го носеше дресот на Милан етаблирајќи се како еден од најдобрите голгетери во историјата на Калчото. Настапуваше уште и за киевски Динамо и Челси.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе