СЕРИЈА А 2019/20

Шевченко би го водел Милан, но дури после ЕУРО 2020

Поранешниот голгетер на „росонерите“ има желба да се седне на проколнатата клупа на Милан, но тек откако ќе ја однесе Украина на ЕУРО 2020.

Се чини деновите на Марко Џампаоло на црвено-црната клупа се избројани, особено по третиот едноподруго пораз во Серија А, овој пат од Фиорентина.

Андртиј Шевченко како поранешен голгетер на клубот има и тоа какво реноме, а добро му тргна и во тренерскиот занает бидејќи со Украина е пред пласман на Европското првенство наредната година. Токму тоа е и причината зошто популарниот Шева во моментов не сака да го преземе Милан.

„Му посакувам сѐ најдобро на Милан, но управата засега ме нема контактирано, а јас како професионалец во моментов не ни мислам на Милан. Селектор сум на Украина и сум тотално посветен на мојата земја. Сакам да одам на ЕУРО со моите момци“, изјави Шевченко за La Gazzetta dello Sport.

„Малдини и Бобан се вистинскиот избор за Милан. Вистина е дека сум тука, во Милано, но за да ги гледам моите играчи, првенствено Малиновскиј кој игра добро за Аталанта, а по натпреварот бев на вечера со моите пријатели од Милан. Но, само поради тоа што ни е убаво заедно, ние се гледаме секој пат кога имаме шанса“, Шева ја оправда посетата на Милано. Аталанта како домаќин во Лигата на шампионите настапува во Милано, а синоќа Руслан Малиновски влезе во игра во вториот дел.

Шева имаше и други играчи за гледање бидејќи противник на „Деа“ беше украински Шахтар кој на крајот и славеше со 2:1 со гол во судиското надополнување.

 

 

На Украина ѝ оди одлично во квалификации, има 4 победи, 1 реми и е без пораз, а претстојните натпревари месецов и во ноември ќе бидат клучни за четата на Шева, но голема е веројатноста дека ќе ги гледаме на ЕУРО идната година.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе