Претседателот на Русија, Владимир Путин, за подарок доби шарпланинец при посетата на Србија.
Тримесечниот шарпланинец Паша од денес има нов сопственик. Српскиот претседател Александар Вучиќ му го подари кученцето на Путин, кој пак е голем љубител на кучиња.
Не е првпат Путин за подарок да добие куче од други држави. Досега има добиени кучиња од Јапонија, Бугарија и Туркменистан.