Шарапова: Нема да се вратам, ветувам

Њујорк, 1 март 2020 (МИА) – Поранешната број 1 во светот Марија Шарапова, која го најави крајот на својата спортска кариера пред неколку дена, е воодушевена што нејзината професионална тениска кариера е конечно завршена. Обновувањето на кариерите на водечките тенисери не е невообичаена појава, но 32-годишниот Русин ја исклучува можноста некогаш да се врати на турнејата ВТА.

„Не, нема да се вратам. Им ветувам на сите“, изјави Шарапова за „New York Times“, затворајќи ја вратата за можно враќање по одредено време. „Тешко е да се прават споредби. Мислам дека секој поминува низ различни нешта во  животот. А, кога станува збор за жените, секогаш има момент за разговар за семејство. Нешто што игра голема улога во враќањето на Серена, откако веќе некое време отсуствуваше од турнејата. Но, мислам дека ако некој е способен да собори рекорди, тоа е таа, јас не се сомневам дека може да го стори тоа“, рече Шарапова, осврнувајќи се на нејзината голема ривалка во текот на годините, Серена Вилијамс.

Американката роди девојче и се врати на теренот, продолжувајќи да го брка рекордот на Маргарет Корт од 24 Гренд слем титули во сингл. Серена го држи рекордот во Отворената ера со 23.

Самата Шарапова признава во едно интервју дека би сакала еден ден да има деца, но не може истовремено да се грижи за дете и да биде професионална тенисерка.

Русинката зборува и за казната поради допинг. Откако истече казната од 15 месеци, таа се врати во 2017 година, но никогаш не се доближи до нејзините најдобри денови.

Шарапова својата кариера ја заврши со 5 Гренд слем титули, освојувајќи го секој од четирите најпрестижни тениски турнири.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more

Сабаленка на терен 72 часа по смртта на момчето и веднаш против најдобрата другарка

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе