Шангај ја доби првата банка во светот во која клиентите ги пречекуваат роботи

Xiao Long е најновиот вработен член во банката China Construction Bank. Станува збор за првата банка во светот во која работат роботи, а која се наоѓа во Шангај.

„Добредојдовте во China Construction Bank. Како можеме да ви помогнеме?“, се зборовите со кои Xiao Long или „Малиот змеј“ ги изговара кога ќе му пристапи клиент.

Роботот разговара со клиенти, ги зема нивните картички, ги проверува сметките и овозможува внесување на пин, а може да одговори и на неколку основни прашања.

После краток разговор, клиентите поминуваат преку електронска врата каде се скенираат нивните лица и личната карта.

За сите идни посети на оваа банка доволно ќе биде скенирање на лицето за вратата да се отвори.

Во банката е возможно да се отвори и нова сметка, да се изврши трансакција на пари и да се менуваат валутите.

Во банката има уште еден робот кој ги пречекува клиентите, а тука е и посебна просторија во која клиентите преку видео линк ќе можат да разговараат со вистински луѓе вработени во банката.

Банката е опремена и со неколку безбедносни камери, а секоја сомненителна активност е аларм за членовите на обезбедувањето.

Во Кина постојат поголем број на роботи кои се користат во најразлични цели, па така некои од нив се поставени и на железничките станици од безбедносни причини.

Шефот на кинескиот комерцијален гигант http://JD.com, неодамна изјави дека роботите во иднина ќе ги заменат и луѓето во продавниците.

Роботите во Кина денеска се користат за готвење, како во ресторани, така и во индустриските кујни.

Роботизирани келнери исто така постојат, но се уште се доста бавни.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Вести

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more

Google знае премногу: Како да избришете сè што памти за вас?

Read more
 

Гик

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Читај повеќе

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Читај повеќе

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Читај повеќе