Филм & ТВ

„Shaft“ трејлер: Самјуел Л. Џексон е опасен приватен детектив

7. февруари 2019 - 13:04 | Б.С.Б.

Објавен е нов трејлер за новото поглавје на филмот „Shaft“, кој вклучува три генерации на приватни детективи во Њујорк. Во трејлерот е прикажан Самјуел Л. Џексон како Џон Шафт Втори и неговиот син Џон Шафт Џуниор (Џеси Т. Ашер) кој не е како неговиот дедо и татко.

Со оглед што во филмот е и првиот Џон Шефт (Ричард Раундтри) ова ќе биде добра акциона комедија. Во останатите улоги се појавуваат Реџина Хал, Александра Шип, Мет Лориа, Клиф Метод Мен Смит и други.

Филмот е инспириран од ликот Џон Шафт според книгата на Ернест Тајдимен. Премиерата е закажана за 14 јуни.