Северна Кореја тврди дека нема заразени со коронавирусот

Северна Кореја нема заразени од коронавирусот, соопштија официјални претставници на здравствените власти во земјата, иако постои скептицзам за ова нивно тврдење покрај фактот што скоро милион луѓе низ светот се потврдени случаи.

Земјата е веќе изолирана, границите се затворени уште во јануари и преземени се строги мерки откако Кина објави податоци за заболени.

Пак Мјонг Су, директор на Централниот итен инфективен оддел во Северна Кореја вели дека овие преземени мерки се успешни.

„Ниту еден човек е инфициран од новиот коронавирус во нашата земја“,вели тој. „Преземавме предвремени мерки и применивме научни сознанија како инспекции и карантин за сите кои влегоа во нашата земја и направивме дезинфекција, ги затворивме границите и го блокиравме авионскиот сообраќај, како и морскиот пат“, објаснува Пак.

Експерти сметаат дека Северна Кореја е многу ранлива на пандемија поради слабиот медицински здравствен систем и меѓународните санкции, кои создадоа недостиг на храна во земјата. Обединетите Нации сметаат дека 10,3 милиони луѓе гладуваат или имаат потреба од помош.

Светската здравствена организација планира да ѝ помогне на Северна Кореја со помош од 900.000 долари како поддршка на справување со коронавирусот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе