ЧЕТВРТО ТЕСТИРАЊЕ ВО ЕДЕН МЕСЕЦ

Северна Кореја потврди: Тестиравме „суперголеми ракетни фрлачи“

Северна Кореја се пофали со тестирањето на „суперголеми ракетни фрлачи“, само неколку часа откако Јужна Кореја го осуди ваквото однесување како „несоодветно“ во време кога светот се соочува со пандемија на коронавирусот.

Вчера Јужна Кореја соопшти дека од Северна биле испалени два проектила со краток дострел, што беше уште едно во низата тестирања месецов.

Северна Кореја генерално ги засилува тестирањата на ракети и ракетни фрлачи во пролет, а актуелната пандемија со Covid-19 се чини не ги помести плановите на изолираната земја.

Досега Северна Кореја нема пријавено случаи на заразени со новиот коронавирус, но светските експерти се сомневаат во тоа.

Вчерашното тестирање на ракетните фрлачи беше изведено од градот Вонсан во источниот дел на земјата. Проектилите летаа 410 километри со максимална висина од околу 50 километри и паднаа во морето, соопшти јужнокорејската војска.

Потоа утрово, официјалниот севернокорејски медиумски сервис KCNA објави дека земјата успешно тестирала „суперголеми ракетни фрлачи“.

Јужна Кореја веќе имаше излезено со јавна осуда.

„Во ситуација кога целиот свет се соочува со потешкотии поради Covid-19, ваквите воени потези од страна на Северна Кореја се крајно несоодветни и повикуваме веднаш да прекинат“, стои во соопштението од силите за безбедност на Јужна Кореја.

Ова беше четврти пат месецов Северна Кореја да лансира ракети – на 2, 9 и 21 март беа изведени претходните тестови.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе