Љубов и секс

Секс диета: Супервозбудливи пози во кои ќе уживате и ќе слабеете

14. март 2019 - 19:49 | А.С.

За време на секс диетата може да потрошите и до 350 калории за половина час – толку калории се трошат за 30-40 минути трчње. Но, што ви причинува повеќе задоволство?

Секс пози за слабеење

За да согорите што е можно повеќе калории за време на сексот и да го затегнете телото не е потребно да изведувате комплицирани секс пози, ниту да бидете акробати од гума.

И во класичните пози може да потрошите значителен број на калории. На пример, во мисионерска поза жената троши по 40 калории во минута, а мажот значително повеќе. За жените најдобра позиција за трошење калории е „каубојка“ – 49 калории во минута. Колку поенергични сте, толку повеќе калории топите.

Интересно е што за слабеење добар е и оралниот секс – пасивниот учесник ќе стопи околу 37 калории, а активниот и до 150 калории!

Сексот во вода е значителен напор со кој ќе потрошите најмногу калории. Поради отпорот на водата, ако мажот е активен ќе изгуби и по 57 калории во минута.

Диета со бакнување? И тоа е можно!

И бакнувањето може да помогне во трошењето калории, иако не колку сексуалната активност.

Додека се бакнувате користите 38 мускули на лицето. Со еден долг страстен бакнеж можете да стопите околу 20 калории по минута. Колку подолго се бакнувате, толку подобар е ефектот – а плус добивате и гратис затегнување на лицето.