Секој отселен млад човек ја чини државата 15.848 евра годишно

Скопје, 6 ноември 2019 (МИА) – Државата губи по 15.848 евра на годишно ниво за секој отселен млад човек, алармираат од Мрежата за спречување на одлив на мозоци во која членуваат седум граѓански организации.

Оттаму велат дека нема конкретни податоци за тоа колкав е бројот на млади луѓе кои ја имаат напуштено државата, но сметаат дека повеќе од неопходено е да се направи попис на населението.

– Главната причина поради која се отселуваат младите, односно 74 проценти бараат подобра работа во странство. Како втора причина се јавува моментот дека тие се фрустрирани од политичката ситуација, односно 36 од испитаниците го споделиле тоа мислење. Од друга страна, најчесто младите се враќаат во државата поради носталгија, како и поради започнување сопствен бизнис што треба да се земе предвид од страна на институците за да преземат мерки и да ги привлечат младите да инвестираат во сопствената земја, вели Иван Јованов, координатор на Мрежата за спречување на одлив на мозоци.

Тој посочува дека во просек на еден млад човек му се потребни околу две и пол години за да најде работа по завршување на образованието.

Граѓанските организации сметаат дека треба да се почитуваат и веќе постоечките стратегии и документи бидејќи постои Стратегија за вмрежување и соработка со високообразовни стручни кадри за периодот 2013-2020 година, но за неа има изработено само еден акциски план за 2014 година.

– Според нас тоа не е соодветно и во наредниот период ќе работиме на анализа на оваа стратегија и ќе дадеме предлог да изработиме акциски план, вели Јованов.

Податоците на Светска банка покажуваат дека четвртина од населението во земјава, односно 500 илјади луѓе ја имаат напуштено државата.

Мрежата за спречување на одлив на мозоци следниот вторник организира панел дискусија за тоа што прават институциите за да го спречат одливот на млади луѓе од државата. На трибината најавуваат присуство на директорите на агенцијата за млади и спорт и за иселеништво. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе