Седум знаци дека сè уште не сте ја пронашле вашата сродна душа

Ако вашиот однос со партнерот ги има овие седум обележја, тогаш веројатно тој не е вашата сродна душа, иако можеби ви се чини дека е така.

1. Не можете целосно да му верувате

Најдобрите односи секогаш се засноваат на доверба. Ако се сомневате во партнерот и во некои аспекти во односот, веројатно сè уште не сте ја пронашле вашата сродна душа.

2. Се чувствувате непријатно во негова близина

Кога се со вашата сродна душа ви изгледа како грижите едноставно да не постојат. Под каков и да сте стрес или проблем со кој се соочувате, чувствувате дека може да го решите, со поддршка на сродната душа.

Ако се чувствувате непријатно, затворено и загрижено кога сте со партнерот тогаш нешто не е како што треба.

3. Се замислувате себеси со другите

Сите ние сме луѓе и не можеме себеси да си забраниме да забележуваме привлечни луѓе околу себе, дури и кога сме во друштво на нашата сродна душа. Но, постои разлика меѓу замислување и реалноста, кај сродните души мислата за да се биде со некој друг едноставно не се јавува.

Тие знаат дека ја сретнале вистинската за нив и не размислуваат за други опции. Ако често размислувате за тоа како би било да сте со некој друг, веројатно не сте ја сретнале вашата сродна душа.

4. Не се разбирате еден со друг

Сродните души се разбираат меѓу себе, си ги познаваат навиките, како реагираат на одредени работи и знаат на изглед неважни детали еден за друг. Ги  разбираат чувствата на другата личност и знаат кога е вистинскиот момент да поразговараат, а кога треба да утешат. Ако не ги разбирате мотивите и однесувањето на партнерот тогаш веројатно не станува збор за вашата сродна душа.

5. Не можете јасно да ја замислите заедничката иднина

Дали може да замислите како би изгледало да остарите заедно со вашиот партнер? Да имате деца со него, да се вселите во заеднички дом? Ако овие идеи ви изгледаат како чудни замисли можеби треба да размислите дали сте ја пронашле вашата сродна душа, особено ако подолго време сте заедно.

Сродните души функционираат како тим, а дел од тоа е создавање на заедничка иднина со заеднички цели.

6. Наместо да растете како личност, се чувствувате дека станувате помалку од тоа што сте биле

Една од најубавите работи во односот со сродната душа е што таа го поддржува вашиот емотивен, психолошки и физички развој. Ве охрабрува да се соочите со стравовите и најдлабоките несигурности и да ја прифатите вистината за вас. Затоа не е чудно што сродните души силно се привлекуваат. Тие се разбираат и си помагаат да станат подобри личности.

7. Едноставно знаете

На крајот, не мора многу да размислувате за да сфатите дали сте со сродната душа или не, кога ќе ја сретнете едноставно ќе ја препознаете. Доколку немате длабоко чувство на доверба и верба во партнерот, тој веројатно не е вашата сродна душа.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе