Брзо мини-интервју со капитенот на Работнички, Горан Силјановски.
1. Фудбалер идол?
- Искрено, немам идоли, но кога би требало да изберам тоа е Луис Назарио де Лима Роналдо.
2. Најдобар фудбалер против кого имаш играно?
- Би го издвоил Тео Волкот на натпреварот против Англија У21.
3. Најдобар совет од тренер?
- Од сите тренери сум имал да научам по нешто во мојата кариера и со тоа да се надоградувам како фудбалер и како личност.
4. Незаборавен момент во твојата кариера?
- Настапите за репрезентацијата на Македонија и двојната круна со Работнички сезона 2013/14.
5. Прв почеток со фудбал?
- Првиот професионален договор го потпишав на 16 години со тимот на Македонија ЃП.
6. Која е твојата мотивација?
- Најдобра мотивација е кога знаеш дека тимот со кој работиш е како твое второ семејство и сме заедно во добро и во лошо, кога сме на врвот и кога сме на дното.
7. Кој е најоткачен од твојот тим?
- Задолжен за позитивна атмосфера во соблекувалната е Дамјан Шишковски.
8. Најголема казна од клуб/тренер?
- Никогаш до сега немам добиено казна.
9. Најголем лутко од екипата?
- Ретко се случува да се налути некој.
10. Најслатка победа / најгорчлив пораз?
- Трите освоени куп титули со Ренова и Работнички / поразот од минатата сезона од Шкупи во последното коло со кој изгубивме пласман во Лига Европа.
11. На кој стадион најмногу сакаш да играш со твојот тим?
- Дефинитивно тоа е нашиот Градски стадион „Тоше Проески“.
12. Што би променил во нашата македонска фудбалска лига?
- Нема поубаво за фудбалер да игра пред полни трибини, па би сакал да имаме што поквалитетен фудбал. Исто така, ни треба освежување како што се: прес-конференции пред и по натпреварите, анализи и отворени студија и емисии кои би оделе со тековните кола, сѐ со цел да се врати интересот на публиката за македонското првенство.
Интервјуто е позајмено од footbla.com.