#СедиДома мини-интервју со Даниел Аврамовски

Брзо мини-интервју со стрелецот број еден во најдобрата македонска фудбалска лига, десетката на лидерот Вардар, Даниел Аврамовски.

1. Фудбалер идол?
- Франческо Тоти.

2. Најдобар фудбалер против кого имаш играно?
- Адриен Рабјо.

3. Најдобар совет од тренер?
- Посвети се на фудбалот, на нормалниот живот, биди поштен пред себе и пред другите и сфати дека сите падови во кариерата се случуваат со причина за да можеш да се издигнеш, да научиш повеќе и да се вратиш посилен.

4. Незаборавен момент во твојата кариера?
- Пласманот на ЕУРО 2017 со У21 репрезентација на Македонија.

5. Прв почеток со фудбал?
- Почнав да тренирам од својата седма година, а професионално со сениорски фудбал првиот тренинг го имав на 15 години.

6. Кој е најоткачен во твојот тим?
- Ги има многу па затоа не знам од кој да почнам! 

7. Најголема казна од клуб или тренер?
- Најтешка казна за мене е кога не сум играл во некој од клубовите.

8. Најголем лутко во екипата?
- Кристијан Тошевски! 

9. Најслатка победа и најгорчлив пораз?
- Многу победи ми биле слатки, но најгорчлив пораз ми е во белградското дерби со Црвена звезда од Партизан.

10. На кој стадион сакаш најмногу да играш со твојот тим?
- Секако тоа е нашиот „Градски“ во Скопје, но на гости сакам на „Олимпико“ во Рим.

11. Што би променил во нашата фудбалска лига?
- Па, има многу работи кои треба да се променат во што поскоро време ако сакаме да напредуваме. Инфраструктурата е еден од најголемите според мене.

Интервјуто е позајмено од footbla.com.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе