#СедиДома и гледај легендарни фудбалски натпревари

ФИФА и УЕФА нѐ враќаат назад во времето преку нивните видео канали каде секој ден се репризира по некој незаборавен натпревар од Мундијалите или ЕУРО.

Викендов има богата понуда на програмата на ФИФА и УЕФА. Светската куќа на фудбалот преку својот YouTube канал најпрво нѐ носи на „Деле Алпи“ во Торино каде на 24 јуни 1990 година во осминафиналето од Мундијалот во Италија копјата ги вкрстија великаните Бразил и Аргентина. Тафарел, Дунга, Мулер, Карека од една страна против Гојкочеа, Руџери, Буручага, Каниџа и Марадона од друга. Одлична шанса за постарите да се потсетат, а помладите да видат што пропуштиле.

УЕФА денеска не носи во Лисабон, поточно на 13 јуни 2004 година. На стадионот „Да Луж“ во рамките на групата Б судир на вечните ривали Франција и Англија. Французите со Бартез, Лизаразу, Тјурам, Виера, Пирес, Зидан, Анри, Трезеге, Англичаните со Невил, Кембел, Бекам, Џерард, Лампард, Овен, Руни.

Линк за гледање тука.

Во текот на утрешниот ден на програмата се два натпревара од поновата историја. ФИФА се реши да нѐ потсети на мајсториите на Кристијано Роналдо кога сам ја носеше Португалија на мегдан со соседот Шпанија во групата Б во еден неверојатно богат со голови натпревар. Стадион „Фишт“ во Сочи, Русија, 15 јуни 2018 година.

УЕФА утре нѐ враќа на последното ЕУРО 2016 на „Парк Олимпик Лионе“ во Лион каде на 22 јуни во групата Ф се сретнаа Унгарија и Португалија и одиграа чудесен натпревар за мерак на публиката.

Линк за гледање тука.

Денеска:

17 часот: Франција - Англија (ЕУРО 2004)
18 часот: Бразил - Аргентина (Светско 1990)

Утре:

17 часот: Унгарија - Португалија (ЕУРО 2016)
18 часот: Португалија - Шпанија (Светско 2018)

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе