Во време на пандемија здравјето ни е на прво место. Советите од здравствените власти се редовно да миеме раце, социјално дистанцирање, самоизолација. Во таква ситуација, времето секогаш полесно ќе мине со добра книга или добар филм.
Овој пат направивме топ 5 листа на комедии за подобро расположение.
1. What Men Want
Филмот е во режија на Адам Шенкмен, а во главните улоги ги гледаме Тараџи П. Хенсон, Пит Дејвидсон, Тамала Џонс, Шекил О’ Нил, Трејси Морган и други.
Што се случува кога една жена може да слушне за што размислуваат или што мислат мажите? Па, вистински хаос, товар кој не е лесно да се издржи.
Филмот е римејк на „What Women Want“ од 2000 година, со Мел Гибсон во главната улога.
2. Isn’t It Romantic
Романтична комедија со Ребел Вилсон и Лиам Хемсворт во главните улоги. Млада жена која е разочарана во љубовта мистериозно се наоѓа себеси заробена во романтична комедија.
Малку сатира, малку комедија, малку романтика, од сè по нешто ќе видите во филмов.
3. Jojo Rabbit
Филмот е мешавина од неверојатен хумор и сериозни идеи кои нема да се допаднат секому, но како и да е, сатирата е неверојатна.
Дефинитивно е добра препорака, филмот брилијантно се подбива со нацистите, но има и мрачна сатира видена низ детските очи.
4.The Hustle
Уште еден римејк на листава, „The Hustle“е римејк на комедијата „Dirty Rotten Scoundrels“ од 1988 година, кој пак е римејк на „Bedtime Story“ од 1964 година.
Филмов доби прилично негативни рецензии од филмските критичари, но сепак успеа да го привлече вниманието на публиката.
5. Long Shot
Уште една романтична комедија во која главната улога ја толкува Шарлиз Терон.
Покрај Терон ги гледаме Сет Роген, Енди Серкис, Александар Скарсгард и други. За разлика од The Hustle, овој филм доби позитивни критики, но не оствари добра заработка на бокс-офисот. Со буџет од 40 милиони долари, филмот заработи само 53.4 милиони долари.
Во филмот не може, а да не ја забележите хемијата меѓу Терон и Роген. Филмов е забавен и смешен, па дефинитивно не треба да го пропуштите.