Филм & ТВ

Се снима филм „Убиство на Ориент Експрес“ со ѕвездена екипа

30. септември 2016 - 12:19 | И.М.

Ќе се снима нова адаптација на познатата новела од Агата Кристи, „Убиство на Ориент Експрес“, пишуваат светските медиуми, а за истата е собрана ѕвездена актерска екипа, која ќе ги оживее ликовите од познатата приказна.

Адаптацијата ќе ја режира Кенет Брана (Thor, Jack Ryan: Shadow Recruit, Hamlet, Cinderella) кој исто така ќе ја глуми и улогата на детективот Херкул Поаро.

Останати улоги кои засега се познати се: Џони Деп како Рачет, Мишел Фајфер како госпоѓа Хабард, Диејзи Ридли како Мери Дебенам и Џуди Денч како принцезата Драгомироф.

Иако претходно се зборуваше дека Анџелина Џоли се приклучува на екипата на овој филм, најновите информации не ја спомнуваат актерката.

Крими-мистеријата „Murder on the Orient Express“ почнува да се снима во ноември во Лондон. Според IMDB премиерата на филмот е закажана за на 22 ноември следната година. 

Во книгата на Агата Кристи од 1934 година, се раскажува за убиство што ќе се случи за време на патување на познатиот воз. Речиси сите патници се осомничени, а детективот Поаро ќе треба да го најде виновникот.