КОПА ИТАЛИЈА 2021/22

Сѐ што треба да знаете за вечерашното финале Јуве - Интер

Филип Здравески
/ 11.05.2022 / 13:56
Локација и време

Финалето на овогодинешното издание на Копа Италија ќе се игра на „Олимпико“ во Рим, вечерва од 21 часот по средноевропско време.

Суспендирани и повредени

Само во редовите на Јувентус има еден суспендиран играч и тоа десниот бек Матиа Де Шиљо, поради акумулирани жолти картони.

Листатa на повредени играчи е нешто подолга. Кај Јуве во аут до крајот на сезоната се напаѓачот Федерико Кјеза, играчот од средниот ред Вестон МекКени и младиот напаѓач Кају Жоржи, додека кај Интер тоа е централниот дефанзивец Алесандро Бастони. Неизвесни, но со шанси да се настапат, барем од клупата, се Алекс Сандру и Лоренцо Пелегрини кај Јуве, додека Милан Шкриниар, Матиас Весино, Марцело Брозовиќ и Лаутаро Мартинес кај Интер.

Химна

Традиционално пред секое финале Италијанците прават фешта со интонирањето на државната химна „Il Canto degli Italiani“ (Песната на Италијанците) позната и како „Inno di Mameli“ (Химна на Мамели) според творецот на химната, Гофредо Мамели, или „Fratelli d'Italia“ (Браќа на Италија) според воведниот стих. Овој пат честа да ја отпее ќе ја има италијанската пејачка и актерка Розалба Пипа, позната под уметничкото име Ариза (Arisa). Неа ќе ја придружува оркестарот на карабинерите.

Ариза
ТВ пренос

На територијата на Македонија финалето ќе може да се гледа на ArenaSport 1 Premium, за жал без македонски коментатор, а ќе се пренесува во вкупно 170 земји од 35 различни канали. На стадионот околу 40 камери ќе се обидат да го уловат секој детаљ од натпреварот.

Ќе се изврши и експериментирање (со технолошкиот партнер Hawk Eye) на таканаречената технологија Virtual Recreation што ќе му овозможи на крајниот корисник да прегледува повторувања на акции во зголемена реалност (како во видео игрица), вклучувајќи и напредни статистички податоци и податоци за следење во комбинација со видео.

Судии

Правдата ќе ја дели Паоло Валери од Рим, а ќе му помагаат Алесандро Џалатини (од Рим) и Фабиано Прети (од Мантова), додека четврти судија ќе биде Симоне Соѕа (од Серењо). Во ВАР собата ќе командува Алеандро Ди Паоло (од Авецано), а ќе му помагаат Розарио Абисо (од Палермо) и Салваторе Лонго (од Паола).

Паоло Валери
Правила

Во случај по 90 минути игра да нема победник ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути. Доколку повторно нема победник ќе се изведуваат пенали, на почетокот по 5 серии, а потоа по една сѐ додека не се добие победник.

Замени

Двата тима имаат право да стават 12 играчи на клупата за резерви, од кои двајца мора да бидат голмани. Во текот на регуларните 90 минути секоја екипа има право на 5 замени и тоа направени во максимум 3 различни временски интервали, не сметајќи го полувремето. Во продолженијата од двапати по 15 минути дозволена е и шеста замена.

Пат до финале

Двата тима одиграа само 3 рунди или вкупно 4 натпревари на патот до финалето, бидејќи почнаа од осминафиналето. И двата не претрпеа пораз.

Јувентус:

Сампдорија 4:1
Сасуоло 2:1
Фиорентина 1:0, 2:0 (3:0 вк.)

Интер:

Емполи 3:2 (прод.)
Рома 2:0
Милан 0:0, 3:0 (3:0 вк.)

Титули

Јувентус со 14 тутули е најтрофеен во Копа Италија, а има и 6 порази во финалињата. За него ова ќе биде вкупно 21 финале. Последен пат Јуве го освои ова натпреварување лани, што значи дека е бранител на тронот.

Интер е трет по бројот на освоени пехари со 7, а има и 6 порази, односно вечерва ќе го игра своето 14-то финале. Последен пат Интер го крена овој пехар во 2011 година.

Дерби д'Италија

Натпреварите помеѓу Јувентус и Интер важат за најголемо дерби на Чизмата, но изненадувачки досега само двапати овој натпревар бил финале, и тоа во далечните 1959 и 1965. Тогаш во двата наврата победил Јувентус.

Тековнава сезона по дури четврти пат ќе се игра ова дерби откако двапати се играше во Серија А и еднаш во Суперкупот на Италија.

Вкупно 244 пати се играло ова дерби, сметајќи ги сите официјални натпреварувања. Јувентус има 110 победи, Интер има 74, додека 60 натпревари завршиле нерешено. Гол-разликата од 346:300 е на страната на „Старата дама“.

Тројца играчи го делат врвот на листата најдобри стрелци на ова големо дерби. Со по 12 голови тоа се легендарните Џузепе Меаца (за Интер), Омар Сивори (за Јуве) и Роберто Бонинсења (9 за Интер и 3 за Јуве). Од играчите кои се во комбинација за вечерва само Чилеанецот Артуро Видал од редовите на Интер е меѓу првите 14 на оваа листа со 4 гола (3 за Јуве и 1 за Интер).

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе