Сè што е погрешно со „Knives Out“

Филмот „Knives Out“ од 2019 година, во режија на Ријан Џонсон, има одлична актерска екипа: Даниел Крег, Крис Еванс, Ана де Армас, Џејми Ли Кертис, Мајкл Шенон, Дон Џонсон, Тони Колет, Кристофер Пламер.

Современата мистерија заработи 302 милиони долари на киноблагајните на буџет од 40 милиони, а доби и три номинации за Златен глобус, како и номинации од Британската и Американската филмска академија за оригинално сценарио.

Но, мотото на екипата на Cinema Sins е дека не постои филм кој нема „грев“. Погледнете го видеото за да ги откриете филмските „гревови“ во помалку од 20 минути.