Се разведуваат Икарди и Ванда: Крај на најконтроверзната љубовна приказна во спортот

Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди и неговата сопруга (и воедно негов агент) Ванда Нара повеќе не се заедно, објави Ванда на својот профил на Instagram.

Медиумите во Италија пишуваат дека споменатата двојка се разделува после 8 години брак, а заедно имаат две ќерки. Иако во последните месеци постоеја сомневња дека еден од најпознатите парови во светот на спортот ќе стави крај на врската, сега Ванда и официјално го потврди тоа со објава на Instagram.

„Многу е болно да се живее овој момент. Но, со оглед на мојата експонираност и работите што ги надминуваат медиумските шпекулации, подобро е тоа да го дознаат од мене. Немам што повеќе да појаснам и нема да давам детали за оваа разделба. Ве молам имајте разбирање, не само за мене, туку и за нашите деца“, вели таа во пораката што ја објави на стори.

Мауро и Ванда со месеци имаат многу проблеми во и онака турбулентната врска, а минатата година таа го обвини дека ја изневерува, поради што привремено ја прекинаа врската. Сепак, неколку месеци потоа успеаја да најдат заеднички јазик и да се помират, но очигледно тоа не траеше долго.

Во 2008 година Ванда се омажи за Макси Лопес, аргентински напаѓач, со кој имаше три сина, а парот се разведе во 2013 година по серија меѓусебни обвинувања за брачно неверство. Во епилогот од приказната со Макси Лопес, Ванда започна врска со Икарди, соиграч на Макси и човек кој важеше за еден од неговите најдобри пријатели.

Подоцна во приказната се вклучи целата аргентинска јавност, јасно поради која причина, како и соблекувалната на аргентинската фудбалска репрезентација, а тамошните медиуми пишуваа дека Меси им забранил на селекторите да го повикуваат Икарди во репрезентацијата и дека токму тоа е причината зошто никогаш не доби шанса во репрезентацијата, што можеби ја заслужуваше.

Икарди и Ванда, и покрај сѐ, се венчаа во 2014 година, а добија две ќерки - Франческа и Изабела. Во меѓувреме, Ванда стана агент на Мауро и беше главен двигател на неговиот трансфер од Интер во ПСЖ, а сега и во Галатасарај.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе