Саудискиот принц тврди дека Кашоги бил опасен исламист

Саудискиот принц Мохамед бин Салман тврди дека убиениот новинар Џамал Кашоги бил опасен исламист. Во телефонски разговор со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џеред Кушнер, и со советникот за национална безбедност Џон Болтон, тој рекол дека Кашоги бил член на Муслиманското братство.

Овој разговор се случил на 9 октомври, седум дена откако исчезна новинарот, објави Washington Post. Саудиска Арабија ги негира пишувањата на Washington Post и на New York Times за овие разговори.

Принцот наводно се јавил во Белата куќа за да го одржи американско-саудискиот сојуз во тие тензични денови. Семејството на Кашоги негира дека тој бил член на Муслиманското братство, а и самиот Кашоги го негираше тоа додека беше жив.

„Џамал Кашоги не беше опасен човек на ниту еден начин. Да се тврди спротивното е чиста лудост“, стои во соопштението од семејството.

Уште не постои консензус за тоа како бил убиен саудискиот новинар. Тој влезе во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври за да извади документи за брак со свршеницата Хатиџе Џенгиз од Турција. Никогаш не излезе од таму. Турција вели дека веднаш бил задавен и дека телото му било исечено на парчиња. Турските медиуми претходно објавуваа дека Кашоги бил испрашуван и измачуван во конзулатот.

Саудиска Арабија ја смени изјавата во врска со тоа што се случило со Кашоги. Кога исчезна, тврдеше дека излегол од зградата жив и здрав. Подоцна призна дека бил убиен и дека зад тоа стојат одметнати припадници на тајната безбедносна служба. Во Саудиска Арабија се уапсени 18 лица кои се изведени пред судските органи, но Турција бара да ѝ бидат испорачани и да им се суди таму.

Кашоги работеше за американски медиуми и беше отворен критичар на саудиските власти и на принцот Мохамед. Неговото тело уште не е најдено, иако беше утврдено дека бил убиен во конзулатот на 2 октомври.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе