Наука

Сатурн стана планета со најмногу месечини

9. октомври 2019 - 11:32 | М.С.

Сатурн го надмина Јупитер и стана планета со најмногу месечини, тврдат американските истражувачи.

Тим од научници открија вкупно 20 нови месечини кои орбитираат околу Јупитер, а со тоа нивниот вкупен број е зголемен на 82.

Јупитер има 79 природни сателити.

Месеците се откриени со помош на телескопот Субару кој се наоѓа на Хаваите.

Секој од новооткриените месечини во орбитата на Сатурн се движи околу 5 км., а 17 од нив орбитираат околу планетата во спротивен правец.

Тоа се нарекува ретрограден правец, а преостанатите три месечини се движат во програден правец, исто како Сатурн.

Јупитер беше планетата со најмногу месечини во доцните 90-ти години од минатиот век.

Тим од истражувачи бираат име за месечините, а тие мора да водат потекло од Нордиската, Галската и Инуитска митологија.