Сатурн го презема водството од Јупитер по број на месечини

По само неколку месеци откако Јупитер го презеде водството, Сатурн сега се враќа на престолот како планета со најмногу природни сателити.

Кон средината на февруари научниците објавија дека Јупитер има 12 месечини повеќе отколку што дотогаш се мислеше, што во тој момент значеше дека овој гасен џин е планета со најмногу природни сателити во нашпиот Сончев Систем. Меѓутоа, како што секој ден сѐ поинтензивно ги истражуваме тајните на вселената, не треба да нѐ чуди тоа што овие и сличните податоци често се менуваат - па така Сатурн повторно е на врвот, сега со бројка од 145 месечини.

Макотрпна работа за идентификација

Користејќи податоци собрани од телескопот Canada–France–Hawaii Telescope (CFHT) при опсерваторијата Мауна Кеа лоцирана на Големиот Остров на Хаваите, тимот истражувачи од Универзитетот во Британска Колумбија интентификуваше 62 вселенски објекти кои претходно беа или премногу мали или нејасни за да бидат идентификувани.

URL

Оваа макотрпна работа започна во 2019 година, кога во близина на Сатурн беа забележани неколку неидентификувани објекти. Но, за целата работа да биде завршена и за тие категоризирани како „сомнителни месечини“ да бидат префрлени во категоријата „потврдени месечини“, астрономите морале да ги пратат неколку години за да потврдат дека навистина кружат околу гасниот џин.

Покрај тоа, било воочено дека тие следат елиптичен пат околу оваа планета, а често се движат и ретроградно. Сите овие податоци научниците ги натерале да заклучат дека сателитите на Сатурн настанале од поголема месечина која се распрснала пред неколку десетици милиони години.

Наредниот чекор е признавање од страна на Меѓународната астрономска унија, што се очекува кон крајот на овој месец.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе