ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Сари секогаш има изговор: Играчите не ме слушаа што им велам

Јувентус неочекувано загуби на гости кај Лион, а за тренерот Маурицио Сари виновни се играчите кои правеле спротивно од она што ги учел на тренинг.

Секогаш кога Јувентус нема да го постигне посакуваниот резултат оправдувањето на Сари е дека играчите не направиле нешто од неговите замисли. Така е и за синоќешниот пораз од 1:0 во Лион.

„Во првото полувреме топката циркулираше премногу бавно. Вториот дел беше многу подобар, но во Лигата на шампионите не е доволно да се игра само едно полувреме. Не знам зошто не успеав да ги натерам моите играчи да сфатат дека топката мора да циркулира многу побрзо. Сѐ почнува од тоа. На тренингот ден пред натпреварот циркулираше многу подобро“, се правда Сари.

И за неодамнешните порази кај Верона и Наполи вината Сари ја префрли на играчите.

„Ни недостасуваше решителност и агресија при фазите на напад, а истотака ни фалеше и едно петнаесетина минути во одбраната. Имавме таква несреќа да примиме гол токму кога Де Лихт беше надвор повреден. Второто полувреме беше подобро, но реално тоа не е доволно за натпревар од Лигата на шампионите“, продолжува тој, несвесен дека можеби проблемот е кај него.

„Продолжив да им кажувам, а имаше многумнина кои го правеа тоа, дека премногу бавно ја движат топката и поради тоа завршуваа на погрешни позиции. Тоа е спротивно на она што требаше да се случува. Во последно време многу работи правиме наопаку од што ги правиме на тренинг“, заврши Сари.

Останува прашањето како играчите го разбираат на тренинг, а на натпревар 90 минути не разбираат што сака да им каже.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе