Samsung Galaxy S23 FE доаѓа на одредени пазари, познати првите детали

Веќе некое време кружат гласини за пристигнувањето на смартфонот на Samsung Galaxy S23 FE, а најновите информации велат дека тој ќе пристигне на одредени пазари во третиот квартал од годината.

Новиот модел од серијата Galaxy S23 наводно се очекува во периодот меѓу јули и септември, но ќе биде достапен само на одредени пазари, додека неговата поширока дистрибуција е планирана за четвртиот квартал од 2023 година и првиот квартал од 2024 година.

Смартфонот ќе се напојува со Exynos 2200 процесор поврзан со AMD Xclipse 920 GPU единицата, меѓутоа, за разлика од Galaxy S21 FE, кој користеше или Snapdragon или Exynos процесор во зависност од пазарот, Galaxy S23 FE ќе се напојува исклучиво од Exynos 2200.

Што се однесува до другите спецификации, тука е главната камера од 50 MP, батерија од 4.500 mAh со поддршка за полнење од 25 W, 6 или 8 GB RAM и 128 или 256 GB внатрешна меморија.

Сепак, нема информации од Samsung за овој модел. Гласините велат дека ќе биде лансиран пред моделите Galaxy Z Fold 5 и Galaxy Z Flip кои се потврдени за последната недела од јули, кога ќе се одржи настан во Сеул, Јужна Кореја.

Со оглед на горенаведеното, Samsung треба официјално да го претстави Galaxy S23 FE следниот месец.

Тагови
реклама

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Хабиб му пријде на Трамп и побара да стави крај на војната во Палестина - доби ветување

Read more

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Read more

Мобилни

Huawei е новиот лидер во продажба на смартфони на преклоп

Read more

Познати спецификациите на смартфоните Honor 200 и Honor 200 Pro

Read more

Poco F6 и F6 Pro се појавија на пазарот

Read more

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

Читај повеќе

Телескопот James Webb ја откри најоддалечената галаксија, посветла е од очекуваното

Читај повеќе

Huawei е новиот лидер во продажба на смартфони на преклоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Футуристичка столица што е сон на секој гејмер

Читај повеќе

Јужна Кореја: Ќе слетаме на Марс до 2045 година

Читај повеќе

Ќе ви ги украдат сите пари: Апликации што треба веднаш да ги избришете од телефонот

Читај повеќе

Птиците преселници ги менуваат воспоставените рути поради војната во Украина

Читај повеќе

Opera го додава Gemini AI на Google во својот прелистувач

Читај повеќе

Ново истражување ги расветлува тајните ритуали во Теотихуакан

Читај повеќе