Авто новости

Само за љубителите на олдтајмери - легендарниот Jaguar E-Type со 400 КС

23. март 2020 - 10:42 | М.С.

Мала британска компанија за 330.000 фунти ги исполни соновите на обожавателите на легендарниот олдтајмер на Jaguar.

Компанијата Woodham Mortimer која се занимава со тјунирање и подготовка на автомобили, го направи WM Sport GT, заснован на иконичниот Jaguart E-Type од 60-тите години на минатиот век.

Оригиналниот модел е технолошки и механички унапреден со современи компоненти, како и безбедносен систем, додека стилските интервенции однатре и однадвор се минимални за да се сочува естетиката карастеристична за автомобилите од тој период.

Најголемата промена е направена на моторот. WM Sport GT доби 4,7-литарски агрегат наменет за тркачките автомобили кој произведува 400 коњски сили со помош на 5-степен менувач.

Цената на овој автомобил изнесува помеѓу 330 и 350 илјади фунти (околу 380 илјади евра) во зависност од опремата.