Филм & ТВ

Само вистинските фанови на „Friends“ ќе го поминат овој квиз

24. февруари 2020 - 9:30 | А.С.

Ако сте фан на серијата „Friends“ тогаш знаете колку беше компетитивна Моника, особено кога стануваше збор за квизови.

Актерката Кортни Кокс која ја играше улогата на Моника Гелер во популарната ТВ-серија „Friends“ од 1994 до 2004 година, сега учествува во разни промотивни прилози за специјалното шоу на екипата.

HBO Max викендов официјално потврди дека ќе има специјална собиранка на актерите од „Friends“: Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Метју Пери, Дејвид Швимер и Мет Лебланк.

Сите шестмина актери од серијата ќе се вратат на оригиналната сцена Stage 24 во студиото Warner Bros. Studio во Бурбенк, Калифорнија, за специјалното шоу во чест на серијата.

Во еден од промотивните прилози, Кокс му прави квиз на популарниот пејач Чарли Пут, кој се смета за голем обожавател на серијата, за да провери колку добро се сеќава на репликите и дејството.

Погледнете го прилогот на Billboard и погодувајте заедно со Чарли: