Само два автомобили имаат потрошувачка колку фабрички декларираната

Најголемиот број нови автомобили трошат барем 30 проценти повеќе гориво од декларираната потрошувачка во фабричките спецификации. Тоа го покажуваат тестовите што ги спроведе  Emissions Analytics.

Најголемиот кривец за таквата голема разлика при возењето во реални услови е што компаниите смеат да ги прават тестовите во идеални лабораториски услови. 

Сепак кога потрошувачката се мери во реални услови на возење, се добиваат бројки кои се и до 45 проценти повисоки. Emissions Analytics тестирале повеќе од 60.000 автомобили, а потрошувачката е мерена со мобилна опрема поставена на возилата кои се движеле во реални услови на сообраќај.

Резултатите покажале дека само два автомобили имаат точни податоци - Aston Martin Vantage и Nissan 370Z ја постигнуваат фабрички декларираната потрошувачка, а понекогаш имаат и подобри резултати. 

На тестовите најлошо помина Fiat 500 кој има реална потрошувачка од дури 45% повеќе од таа наведена во спецификациите. 

Повеќе од 40 проценти разлика има и кај Ford Fiesta и Ford Focus, Toyota Yaris и MINI, додека и кај некои од популарните дизел автомобили има огромни разлики меѓу реалната и декларираната потрошувачка. 

Најмали отстапки имаат Honda Civic (+21%) и Citroen C3 (+28%).

За да се намалат разликите, во Европа од 2017 година ќе се воведе нов начин за мерење на потрошувачката, кој повторно ќе биде лабораториски, само што ќе биде многу попрецизен. 

Експертите сметаат дека новите модели би требало да се тестираат во реални услови на возење, на патишта каде што има нагорнини и свиоци, со вклучена клима и со сообраќај, за идните сопственици да добијат реална слика за потрошувачката. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе