Сам се издрибла и си даде ефектен автогол

Бизарен автогол ни доаѓа од парагвајското првенство каде голман се издрибла самиот себеси и си ја затресе мрежата.

Во понеделникот вечерта се комплетираше 6. коло во најдобрата парагвајска лига каде за издвојување е натпреварот помеѓу Хенерал Дијас и Гуајрења.

Домашниот голман Густаво Сердан доби една вратена топка и со спринт проба да му избега на противничкиот напаѓач и тоа трчајки крај својот гол. Водејќи ја топката, се сопна од неа и со финта си постигна ефектен автогол.

Среќа подоцна неговите соиграчи израмнија за конечни 1:1, а овој бод е прв за Хенерал Дијас по петте порази.