СЕРИЈА А 2023/2024

Саки: Интер е главен фаворит за Скудетото

Интер треба да се смета за фаворит за трката за титулата во Серија А за претстојната сезона 2023/2024, пред актуелниот шампион Наполи, смета легендарниот тренер Ариго Саки.

Иако најголемиот успех го имаше во нивниот голем ривал Милан, а потоа ја однесе Италија во финалето на Мундијалот 1994 во САД, Саки нема дилеми кога е во прашање пофалбата на „Нераѕурите“ за нивната трансфер стратегија и тактика.

„Кој штотуку го освоил Скудетото обично започнува како фаворит за следната сезона. Тоа е непишано правило во фудбалот“, изјави Саки за La Gazzetta dello Sport.

„Тоа беше случај со Милан минатата година и Наполи овој пат. Сепак, не сум толку сигурен дека правилото ќе се потврди ниту следната сезона. Мислам дека Интер е сериозен кандидат за Скудетото, веројатно и фаворит, дури и пред Наполи“.

Наполи ги загуби тренерот Лучано Спалети и дефанзивецот Ким Мин-џе, додека Пјотр Желињски исто така наводно ќе оди во Саудиска Арабија, во Ал Хилал.

„Двата милански клуба се обидуваат да се засилат за да му се спротивстават на Наполи, но тоа го прават на поинаков начин. Интер се чини дека оди повеќе на сигурно. Задржаа голем дел од тимот што стигна до финалето на Лигата на шампионите, преговара за повторно да го врати Ромелу Лукаку и донесе елементи како Давиде Фратези и Маркус Турам откако го загуби Марцело Брозовиќ“, анализира Саки.

Саки е помалку импресиониран од пристапот на Милан, особено откако го продаде Сандро Тонали на Њукасл Јунајтед, и покрај тоа што знаеше дека Исмаел Беннасер ќе отсуствува неколку месеци поради повреда на коленото.

„Оливје Жиру беше важен, но тој е една година постар и не знаеме каков ќе биде неговиот придонес. Пристигнаа Рубен Лофтус-Чик и Кристијан Пулишиќ, но тие се странци и се прва сезона во Серија А, па ќе им треба време да се прилагодат“.

„Стефано Пиоли мора да биде сигурен дека ќе му даде јасен идентитет на својот тим и ќе ги остави на мира тактичките прилагодувања, само нека се врати на стилот и идеите што ги имаше кога го освои Скудетото“, додаде поранешниот стратег.

Саки сега има 77 години, а тренер не е веќе 22, откако последен пат ја водеше Парма во 2001 година. Најголемите успеси ги имаше со Милан кој го водеше во два наврата и тоа од 1987 до 1991 и во сезоната 1996/1997. Освои 1 Скудето, 1 Суперкопа, 2 Куп на шампиони, 2 УЕФА Суперкупа и 2 Интерконтинентални купа. Ги водеше уште и Римини и мадридски Атлетико.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Фудбал

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Read more

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе