САД разјаснуваат: Медицинската опрема од Русија не е подарок, туку е купена

Портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус, без да демантира конкретни објави во медиумите, излезе со соопштение дека медицинската опрема која денеска стигна од Русија во САД, е купена врз основа на договорот меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин.

Таа додаде дека опремата што стигна со руски транспортен авион и која вклучува вентилатори и лична заштитна опрема, не е подарок.

– Двете земји си давале хуманитарна помош една на друга во кризни периоди и без сомнеж тоа ќе го прават повторно во иднина. Ова е време за соработка во надминување на заедничкиот непријател кој ги загрозува животите на сите нас, нагласи Ортагус.

Таа не соопшти колку САД ја платиле медицинската опрема, која е предадена на Сојузната агенција за управување во кризни ситуации во Њујорк, откако руски товарен авион ја пренесе до меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди.

Ортагус истакна дека САД ќе продолжат да им помагаат на другите земји во борбата против новиот коронавирус.

Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов вчера изјави дека испораката ја одразува потребата за обединување на глобалните напори во борбата против COVID-19, без оглед на политичките разлики.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе