Монаси од рускиот манастир Валаам имаат многу интересно хоби, одгледуваат ананас на минусни температури во руската република Карелија.
Станува збор за руски манастир постар од 5 века. Монасите садат семе од колумбиски ананас добиено за Божиќ во 2015 година. Вредните монаси го засадиле семето и за првпат уживале во слатките плодови по две години.
Тие одгледуваат и други тропски овошки како банана, папаја, манго и авокадо. Исто така, произведуваат и различни видови сирење како моцарела, рикота и други видови.