Вести

Руска работа: Робот со ликот на Шварценергер

13. јануари 2020 - 19:15 | А.С.

Посетителите на саемот CES имаа можност да се сретнат со ликот на вистинска холивудска ѕвезда. Арнолд Шварценегер на млади години кажува шеги и одговара на прашања како „Која е најголемата држава на светот?“ или „Што мислиш за луѓето?“

Руската компанија за роботика Promobot стои зад овој популарен робот кој го носи името Android Robo-C.

Ова не е прво претставување на Promobot на овој саем, но за првпат го претставува роботот со ликот на Шварценегер, кој беше промовиран како антропоморфен помошник кој одговара на прашања. Можете да го поврзете со смартфон и други смарт уреди во домот.

Компанијата предвидува комерцијална употреба на овој робот и сметаат дека одлично би ја работел работата на рецепционер во хотел кој би можел да им помага на гостите да се чекираат или да им наплати за престојот.

Би бил добар и како вработен во музеј кој би им помагал на посетителите да се снајдат наоколу.

Олег Кивокурцен, еден од основачите на Promobot, изјави дека роботот не мора да го носи ликот на Шварценегер и дека тоа може да се изведе по желба на купувачот, со каква била боја на кожа и фацијални експресии. На пример, робот од моделот  Android Robo-C бил направен специјално за клиент од Индија со ликот на неговата сопруга.

Роботот по желба на клиентот може да има и карактерни особини какви што нему му одговараат.

Творците на овој робот се надеваат дека до следната година ќе продадат околу 100 примероци, што е прилично амбициозна цел, имајќи предвид дека еден чини 25.000 долари.