Русија задоволна од ветото на Макрон за Северна Македонија и Албанија

Скопје, 18 ноември 2019 (МИА) – Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов го поздрави противењето на францускиот претседател Емануел Макрон кон проширувањето на Унијата, што покажува како Кремљ ја користи „деструктивната политика“ на францускиот претседател за истакнување на поделбите меѓу европските сојузници, пишува весникот Financial Times.

Според Чижов, Макрон има „причина“ кога вели дека ЕУ треба прво да се справи со тензиите меѓу своите земји членки, пред да почне преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија.

– Претседателот Макрон има причина кога вели дека ЕУ прво треба да се справи со сопствените внатрешни прашања пред проширувањето на Унијата. И се разбира, објективно гледано, да се каже дека и Северна Македонија и особено Албанија се подготвени за членство би било грубо претерување, со сета почит кон двете земји, вели Чижов, кој е на функцијата од 2005 година.

Весникот наведува дека неодамнешните коментари на Макрон за проширувањето и „клиничката смрт“ на НАТО предизвикале остри критики од некои сојузници, поради претставувањето на Европа како слаба, додека други го поздравија неговото директно соочување со фундаменталните проблеми.

Во интервјуто, Чизов, одбива да коментира „конкретни зборови“ изнесени од Макрон, но вели дека францускиот претседател искажа одредена загриженост која што ја имаат многумина во земјите членки на НАТО.

– НАТО, во смисла на изјавата на претседателот Макрон, има многу за разговарање во помал формат на самитот во Лондон следниот месец. Сите знаеме што кажа претседателот Трамп за НАТО во различни фази од неговото претседателство, вели Чизов.

Коментарите на Чизов, според весникот, дополнително ќе го разгорат гневот кај некои земји во Европа кои сметаат дека ставовите на Макрон го поткопуваат кредибилитетот на НАТО и на ЕУ, вклучително и во однос на Русија.

– Европската Унија, според мое гледиште, самата се стави во ќош со својата политика кон Русија. И бројот на луѓе и политички лидери, кои го разбираат тоа, се зголемува, заклучува Чизов.

Тој нагласува дека „трпеливо го чекал“ моментот кога некои земји од ЕУ ќе „соберат храброст да прозборат“ против продолжување на санкциите кон Русија, истовремено изразувајќи надеж дека обидот на Макрон и Финска за подобрување на односите со Русија е сериозен и суштински. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе