Русија ги забрани странските летови поради коронавирусот

Русија од утре забранува редовни и чартер летови од Русија кон други земји и обратно, како дел од напорите да се спречи ширењето на коронавирусот. Забраната стапува во сила денеска на полноќ по московско време, со исклучок на летовите кои ги враќаат Русите од странство во татковината, согласно указот објавен на веб-страницата на премиерот Михаил Мишустин. Русија пријави повеќе од 650 случаи на заразени со новиот коронавирус, претежно во престолнината Москва, град со над 12 милиони жители.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно неделава го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека вистинскиот број на случаи можно е да е значително поголем отколку што е соопштено.

Во телевизиското обраќање до нацијата, Путин ги советуваше Русите да останат дома и рече дека на работниците треба да им се дозволи да останат дома од понеделник до петок следната недела и оти тие денови ќе им бидат платени.

Русија воведе и строги мерки за карантин за секој што влегува во земјата од странство и за секој што е можно да бил изложен на лица заразени со вирусот. Владата одлучи да не воведува карантин како оној во Кина и некои европски земји. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе