Музика

Рундек направи коронавирус преработка на неговиот хит: „To što perem to su ruke“

24. март 2020 - 9:34 | А.С.

Како и многу други уметници од регионот и ширум светот, и Дарко Рундек сними видеопорака до фановите поврзана со актуелната пандемија на коронавирус.

„Овој рефрен трае 20 секунди, па ако си го потпевнувате во себе или на глас, тоа е токму онолку време колку што ви е потребно за убаво да ги измиете рацете“, порача Рундек во краткото видео објавено на Facebook во кое ја пее и свири преработката на неговиот голем хит „Ruke“.

„Pusti da ti sviram, duša gine od tišine. Ne boj se muke, to što perem to su ruke“, порача големиот музичар.