Роналдо се навикнува на животот во Торино, Јувентус е неговиот нов дом

Кристијано Роналдо добро се прилагодува на новиот живот во Италија. Португалската мегаѕвезда остави оптимален впечаток кај сите што ги сретна досега, вклучувајќи ги секако, новите соиграчи во Јувентус и навивачите на клубот.

Поранешниот идол на Реал Мадрид се смести во вила во ридовите над Торино. Вилата е во минималистички стил, модерна градба со големи прозорци и осум спални соби. Имотот е заграден, совршено за ѕвезда од калибарот на Кристијано Роналдо кој ја цени својата приватност.

Уште пред да се всели, Роналдо побарал да се стави нив слој асфалт на приодот до вилата за непречено движење на неговиот завиден возен парк.

Имотот се состои од две куќи. Роналдо ќе живее во горната куќа со девојка му Георгина Родригез и децата. Родригез пред неколку дена објави фотографија на социјалните мрежи на која ја покажа глетката од балконот на нивниот нов дом.

Секако, во вилата има и сала за вежбање со теретана, како и отворен и покриен базен.

Персоналот на Роналдо ќе живее во долната куќа. Фудбалерот со себе во Торино ги понесе личниот готвач, нутриционитот и физиотерапевтот. Јувентус немаше проблем со тоа да донесе свои медицински специјалисти.

На теренот исто така владее хармонија. Јувентус важи за професионален и посветен тим, но играчите сепак не престануваат да ја фалат трудољубовоста и работната етика на новиот соиграч Роналдо.

Тој наводно прв доаѓа и последен си заминува од тренинг. Роналдо наводно најмногу се зближил со аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала, кого го сметаат за наследник на ривалот на Роналдо, Лео Меси.

Јувентус очајно сакаат да ја освојат Лигата на шампиони по 22-годишниот јаз, а новиот престижен член на семејството им дава голема шанса за тоа.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе