Фудбал

Ромеро го уништи своето Lamborghini одејќи на тренинг

20. јануари 2020 - 17:00 | Ф.З.

Резервниот голман на Манчестер Јунајтед имаше голема среќа што избегна повреди откако го уништи своето скапо Lamborghini одејќи на клупскиот тренинг утринава.

Својот автомобил марка Lamborghini (Ламборгини) вреден 170.000 фунти заврши уништен откако аргентинскиот голман излетал од патот и ја пробил заштитната ограда. Од својот дом одел кон Карингтон тренинг центарот на Манчестер.

Серхио Ромеро има дури 96 настапи на голот на Аргентина за која нема настап од 2018 бидејќи на клупски план е резерва. Веќе петта сезона е во Манчестер Јунајтед каде последниве две сезони нема ниту еден настап во Премиер лигата каде предност има Давид де Хеа. Му даваат шанса во останатите натпреварувања каде собра 15 настапи од август 2018 до денес.

Ромеро е тој во портокалово: