На гости кај Парма римјаните со два гола во вториот дел славеа победа и останаа во игра за пехарот од италијанскиот Куп.
Најзаслужен за триумфот на „Енио Тардини“ беше 23-годишниот Лоренцо Пелегрини кој беше творец на двата гола. Прво стрелаше чретири минути по паузата со прецизен удар по едно проигрување со Никола Калиниќ, додека вториот гол го постигна во 76-тата минута од белата точка. Антонино Барила играше со рака во казнениот простор, а Пелегрини без проблеми го совлада Симоне Коломби.
Со овој натпревар се комплетираа четвртфиналните двојки во Копа Италија. Рома за противник ќе го има тимот на Јувентус кој е најтрофеен во ова натпреварување со 13 титули. Римјаните се втори со 9 титули, а последен пат триумфираа во 2008 година.
Четвртфинале:
(21-ви) Наполи - Лацио
(22-ри) Јувентус - Рома
(28-ми) Милан - Торино
(29-ти) Интер - Фиорентина