Rolls-Royce планира да изгради мини нуклеарни реактори

Компанијата Rolls-Royce планира да изгради мини нуклеарни реактори во Велика Британија до крајот на оваа деценија.

Од Rolls-Royce за BBC потврдија дека постои план за изградба и управување на реакторите кој ќе се реализира до 2029 година.

Мини нуклеарните станици можат да се произведуваат масовно и да се доставуваат на локациите со помош на шлепери, а со тоа е полесно да се предвидат и трошоците.

Но, оние коишто се против овој план тврдат дека Велика Бритaнија во потполност треба да се откаже од нуклеарната енергија и да се фокусира на евтина и обновлива енергија.

Активистите за животната средина имаат поделени мислења кога станува збор за нуклеарната енергија- некои сметаат дека таа е опасна и е скапа, додека други пак сметаат дека се потребни сите технологии доколку сакаат да постигнат нулта емисија до 2050 година.

Оние коишто го поддржуваат проектот на мини нуклеарни реактори веруваат дека тие можат да им парираат на цените со евтини извори на обновлива енергија.

Планот е мини реакторите да се сместат во Камбрија или Велс, а вкупно би биле 10 до 15 на територијата на Велика Британија. 

Станува збор за мали реактори кои би можело да ги има во секој град, а нив дополнително ќе ги заштитат од можни терористички напади.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе